Затоа што за две години добиваш диплома признаена во ЕУ и 800 часови пракса. Благодарение на праксата сте подготвени за пазарот на трудот.
Работете како стажист во компании, каде што ќе решавате вистински проблеми со идниот работодавец, 800 часови практична работа за 2 години.
Поради големата пракса и контактите со работодавците имате голема предност на пазарот на трудот.
Стекнете меѓународно признаена диплома и искористете го стекнатото знаење за нови предизвици во својата кариера.
Заработете свои трошоци за живот и стекнете го своето прво работно искуство во ЕУ.
Плаќате помалку за животни трошоци од другите земји.
Чувствувајте се домашно без големи културни и јазични бариери.
Избор на програми
Упис
Помош при добивање
на дозволата за престој
Биди стратег - со нас успехот при уписот е 100%!
Ние ќе се погрижиме за сите рокови, пријави, документацијата и сите неопходни процедури.
Заштеди време и пари - сите информации ги добиваш на едно место, во Словенија доаѓаш само на почетокот на студиите.
Ние ќе ги провериме сите можности и опции за вашиот сигурен упис.
Обезбедете го своето место на студии од удобноста на вашиот дом.
Ја поедноставуваме долготрајната и компликувана процедура за добивање на дозволата за престој.
1. Закажете консултација и изберете пакет на услуги
2. Заедно ја избираме најсоодветната студиска програма
3. Подготвуваме листа на потребни документи за упис
4. Пријавување на студии, поднесување на документите и упис
5. Помош при добивање на дозволата за престој
6. Започнете ги студиите!
Закажете консултација и изберете пакет на услуги
Заедно ја избираме најсоодветната студиска програма
Подготвуваме листа на потребни документи за упис
Пријавување на студии, поднесување на документите и упис
Помош при добивање на дозволата за престој
Започнете ги студиите!
Затоа што за две години добиваш диплома признаена во ЕУ и 800 часови пракса. Благодарение на праксата сте подготвени за пазарот на трудот.
Завршено 4 годишно средно училиште.
Приемни испити нема, освен нa неколку уметнички програми како што се дизајн на материјали, фотографија, медиумска продукција, визуелни комуникации.
Не, за време на барањето на праксата ви помага школата – координаторот на праксата, кој ве поврзува со компанијата во која ќе добиете ментор.
Процентот на вработување е поголем од 90%. Често се случува кандидатот во текот на школувањето да добие редовно вработување.
Здобијте одлично образование, многу нови пријатели и откријте нов свет на можности со едноставно испраќање на онлајн барање. Нашиот стручен соработник наскоро ќе ве контактира и ќе ве информира за сите можности кои може да ви ги понуди Словенија!
Општи одредби
Општи услови за користење на компанијата 2TM д.о.о. составен во согласност со Законот за заштита на потрошувачите (ZVPot), Законот за заштита на лични податоци (ZVOP-1) и Законот за електронски комуникации (ZEKom-1)
Овие Услови на работа го регулираат вашиот пристап до веб-страната на 2TM d.o.o и користењето на сите услуги кои истата ги обезбедува. Со користење на страната, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате дека сте обврзани со следните одредби и услови.
Прифатлива употреба
Вие се обврзувате да ја користите страната во согласност со важечкиот закон, без да ги прекршите правата на трети лица или да предизвикате штета кон веб – страната.
Забрането е:
Дистрибуција на опасен софтвер и спам;
Обиди за неовластен пристап до сметките на други корисници;
Користење на содржината на страната за комерцијални цели без согласност на компанијата.
Интелектуална сопственост
Сите материјали на страната, вклучувајќи текстови, графики, логоа, припаѓаат на 2TM d.o.o. и се заштитени со закон за авторски права. Можете да ги користите материјалите само за лична, не – комерцијална употреба.
Политика за заштита на потрошувачите
Компанијата 2TM д.о.о. се придржува до принципите за заштита на потрошувачите во согласност со словенечкото законодавство и на корисниците им ги обезбедува сите потребни информации за своите услуги. Ние се стремиме да обезбедиме услугите што се нудат да одговараат на потребите и вашите очекувања.
Услови за плаќање
Плаќањето за услугите се врши преку фактура, која ја испраќа нашиот менаџер по потврдата на вашата нарачка. Не е можно плаќање за услугите директно на веб-страната. Фактурата ви се испраќа по е-пошта, а плаќањето се врши во согласност со деталите и условите наведени во фактурата.
Плаќање
Информации за условите за откажување на услугата „Онлајн курсеви по словенечки јазик“
Ве молиме имајте предвид дека нашите услуги („Онлајн курсеви за словенечки јазик“) се неповратни т.е поврат на пари не е можен откако ќе започне курсот. По завршувањето на плаќањето, клиентот добива целосен пристап до курсот и материјалите за обука, кои го покриваат целиот планиран процес на учење.
Ви препорачуваме внимателно да го прочитате описот на услугите и да ги поставите сите ваши прашања пред да ја потврдите вашата нарачка. Ако имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте го нашиот менаџер за продажба.
Одговорност и одстапување од одговорноста
Сајтот и неговата содржина се представени „како што е“. 2TM d.o.o. не е одговорен за точноста, целовкупноста и навременоста на информациите на страната, како и за можните загуби предизвикани од користењето на истата.
Поврзувања (линкови) до надворешни извори
Веб-страната може да содржи линкови до страници на надворешни извори . 2TM d.o.o. не е одговорен за содржината или политиките на таквите содржини, а пристапот до нив е на ваш сопствена одговорност.
Промени во условите за користење
Компанијата 2TM д.о.о. го задржува правото да ги промени овие услови. Ажурираните услови ќе бидат објавени на оваа страна и со продолжување на користењето на страната се согласувате да бидете обврзани со нив.
Контакт информации
Доколку имате прашања во врска со овие услови или сакате да поставите прашање за нашите услуги, ве молиме контактирајте не на: lj@2tm.si или на телефон +386 59 043 716.
Компанијата 2TM д.о.о.
Словенија, Љубљана
Дунајска цеста 106
+386 59 043 716
Компанијата 2ТМ д.о.о. (во натамошниот текст: компанијата) се грижи за сигурноста на вашите лични податоци. Нам ни требаат контактните информации и некои лични податоци од лицата кои ја посетуваат страницата на компанијата и кои сакаат да добијат подетални информации за нашите услуги. За таа цел тие се поврзуваат со нас преку електронска пошта или телефонски, при што пополнуваат онлајн образец на страницата.
Кои лични податоци ѝ се потребни на компанијата:
Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци се врши исклучиво доброволно и со согласност на сопственикот на тие податоци. Секогаш вие одлучувате за тоа кои информации ќе ѝ ги дадете на компанијата. Компанијата ги зема само оние податоци кои вие ѝ ги давате доброволно и непосредно. Секогаш сме подготвени да ви објасниме која информација ни е неопходна за да ви ја дадеме услугата што ви е потребна.
Колачиња
Колачињата (од англ. cookies) се датотеки со сервисни информации кои го забрзуваат повторниот пристап на нашата веб-страница. Колачињата ги чуваат индивидуалните преференции и нагодувања на корисникот од неговите претходни посети на страницата. Тоа се датотеки зачувани на вашите компјутери и други уреди кои ги користите за пристап до веб-страниците. Во секој момент може да ги избришете колачињата или да ги оневозможите во нагодувањата на пребарувачот.
Сигурност на пристапот до личните податоци во компанијата
За заштита на личните податоци кои се пренесуваат преку образецот за повратни информации на страницата, се користи специјализиран шифриран протокол за пренос на податоци HTTPS. Личните податоци на клиентите на компанијата во електронска форма се чуваат во корпоративен магацин. Тој е опремен со системи за контрола на пристапот, на ревизијата и на антивирусната заштита.
Истовремено, сакаме да напоменеме дека преносот на податоците преку интернет секогаш е поврзан со определени сигурносни ризици и ја елиминира целосната заштита на проследените пакети, од пристап на трети лица. Заштитете ги своите податоци од неовластена употреба со шифрирање, лозинка или со други средства.
Период на чување на личните податоци во компанијата
Компанијата ги чува личните податоци пет години од денот кога сопственикот на тие податоци дал согласност или кога сопственикот на податоците писмено ќе се откаже од согласноста.
Пренос на личните податоци на трети лица
Компанијата не ги открива добиените лични податоци, со исклучок на случаите кога тоа го бара законот, вклучувајќи ги и барањата за сметководство и известување, како и во случаите кога сте ѝ дале согласност на компанијата потполно или делумно да им ги предаде вашите податоци на трети лица или на овластени агенти. Овластените агенти на компанијата ги собираат, обработуваат и ги чуваат личните податоци, во согласност со политиката на компанијата за заштита на личните податоци.
За да го подобриме квалитетот на услугите што ги нудиме, работиме со компании од трети страни кои ни помагаат во анализата на работата на нашата страница со цел да ја подобриме и да ја направиме попогодна за вас. Меѓутоа, под никакви услови, податоците кои се пренесуваат од нашата веб-страница на надворешни оператори, не содржат лични податоци кои им припаѓаат на посетителите на нашата веб-страница.
Вашите права во врска со личните податоци доставени до компанијата
Секој сопственик на лични податоци има право од компанијата да добие информации за тоа кои лични податоци се обработуваат и се чуваат во компанијата; да ги копира податоците; да ги дополнува и да ги прилагодува; да ја ограничува нивната обработка и чување; да ги дава целосно или делумно; целосно или делумно да ги брише своите лични податоци од базата на компанијата.
Контакт на компанијата за прашања поврзани со личните податоци
За сите информации поврзани со вашите лични податоци во компанијата и ако сакате да нè известите дека сакате да преземете нешто поврзано со нив, пишете ни на е-адресата: lj@2tm.si.